БАЗИЧНИ ПРАВИЛА
Појава на некои форми на невропатија кај луѓето со дијабетес
Околу 25% имаат симптоми.
Од 75 до 80% имаат супклиничка невропатија (дијагностицирана во склоп на
клиничките испитувања или како абнормалности на ЕМГ12).
Дијагнозата на дијабетичната невропатија се базира на дијагноза на дијабетесот,
типични симптоми и клинички наоди, како и исклучување други причини што водат
до невропатија. Невропатијата објективно може да се верифицира со ЕМГ.
Невропатијата може да биде прв знак на тип 2 дијабетес.
СИМЕТРИЧНА И АСИМЕТРИЧНА ПОЛИНЕВРОПАТИЈА
Болките почнуваат предоминантно дистално, парестезии и дизестезии
Мускулни грчеви
Тетивните рефлекси се слаби или отсутни
Ахиловиот тетивен рефлекс прв е засегнат
Сензорни нарушувања
Прво се засегнати чувствата за вибрација и позиција во долните екстремитети, другите сензорни функции подоцна. Чувството за допир се испитува со
монофиламент.
Мускулна слабост кога болеста прогредира
Чувство на вознемиреност во нозете
ДИЈАБЕТИЧНА АМИОТРОФИЈА (ПРОКСИМАЛНА
НЕВРОПАТИЈА)
Вообичаено постојат асиметрична слабост и мускулна атрофија на натколениците
и на феморалната регија, придружени со задни и феморални болки.
Типично пациентот е во средни години или постар, со лошо регулиран дијабетес.
Состојбата значително се подобрува за 6-18 месеци со воспоставување добро балансиран третман.
ДИЈАБЕТИЧНА ТОРАКАЛНА РАДИКУЛОПАТИЈА
Состојбата потешко се препознава иако не е ретка.
Почнува на возраст од 50 до 70 години кај тип 2 дијабетес.
Симптоми
Водечки симптом е тешка унилатерална болка во торакалната регија, која достигнува максимален интензитет за неколку дена.
Може да има сензорен дефект во зесегнатата регија, а понекогаш и регионална слабост во торакалните или абдоминалните мускули.
Нема моторни симптоми или наоди од страна на екстремитетите.
Пациентите често губат тежина.
Мора да се води сметка за срцеви и за абдоминални заболувања во диференцијалната дијагноза.
Болеста често се повлекува спонтано.
МОНОНЕВРОПАТИЈА И МУЛТИПНА МОНЕВРОПАТИЈА
Најтипични мононевропатии предизвикани од дијабетесот се:
Болна невропатија на феморалниот нерв, предизвикува слабост на квадрицепсот, која спонтано се повлекува.
Невропатија на окуломоторниот нерв без пупиломоторен дефект.
Можат да се јават нарушувања и во другите периферни нерви како поединечни
или мултипни мононевропатии. Овие обично се повлекуваат за неколку недели
или месеци.
ДИЈАБЕТИЧНА ОФТАЛМОПЛЕГИЈА
Нарушување во очните движења предизвикано од дијабетична невропатија.
Најчесто засегнат нерв е окуломоторниот нерв, поретко абдуценс (n.abducens) или
трохлеарниот нерв (n.trochlearis).
Често спонтано заздравува.
АВТОНОМНА НЕВРОПАТИЈА
Симптоми и наоди
Намалена или загубена варијација на пулсните вредности
Постурална хипотензија
Нарушувања во интестиналната функција, пролив, затвор
Нарушувања во гастричниот мотилитет, гастропареза, гадење по оброци
Уринарни нарушувања
Еректилна дисфункција
Нарушувања во потењето, промени во кожата
Намалување или исчезнување на симптомите на хипогликемија
Променета контрола на бубрежниот натриум, дијабетичен едем, аритмии
Дијагноза
Анамнеза (симптоми, контрола на дијабетесот, алкохол)
Клиничко испитување
Мускулна атрофија
Во текот на ортостатскиот тест порастот на пулсниот бран е отсутен или систолниот притисок се намалува повеќе од 20 mmHg
Пулс во мир над 90/мин. може да сугерира за автономна невропатија
Се користат неколку дијагностички тестови, најкорисни се намалување на варијабилноста на пулсниот бран во текот на форсирана инхалација и ексхалација и ортостатскиот тест.
ТРЕТМАН НА ДИЈАБЕТИЧНА НЕВРОПАТИЈА
Оптимална контрола на дијабетесот е база на превенцијата и на третманот на дијабетичната невропатија.
Мононевропатијата и радикулопатијата обично се повлекуваат спонтано.
Во третманот на невропатската болка се користат трициклични антидепресиви (и
аналгетици) (ннд-A; трициклични антидепресиви и веројатно интравенски и локален lidocaine, интравенски кетамине, carbamazepine и топичен аспирин се ефикасни за периферна невропатска болка, а орални кортикостероиди се ефикасни за
комплексен регионален синдром на болка. Кај 30% од пациентите со невропатска
болка на кои им се даваат антидепресиви ќе се постигне најмалку 50% намалување
на болката, 30% ќе имаат минорни несакани реакции и 4% ќе мораат да го прекинат третманот поради мајорни несакани ефекти). Carbamazepine и gabapentine
можат да бидат корисни (ннд-B; антиконвулзивите можат да бидат ефикасни кај
дијабетичната невропатија). Levomepromazine може да биде добар избор навечер
во мала доза (5-25 mg) поради својот седативен ефект. Ефикасноста на физикалниот третман сè уште не е докажана.
Локалниот capsaicin може да биде ефикасен (ннд-B; локален capsaicin може да
биде ефикасен во различни болни состојби што ја засегаат кожата).
Третманот на автономната невропатија вообичаено е симптоматски.
Треба да се обезбеди доволен волумен на течност кај ортостатска хипотензија
со минералокортикоиди.
Гастропарезата се подобрува со metoclopramide или cisapride (да се почне
само од специјалист бидејќи овој лек предизвикува значајно продолжување на
QT-интервалот и поради тоа има ризик од аритмија), или ако ова предизвика
дијареја, со erythromycin во мали дози.
Пушењето ја влошува невропатијата.
изворhttps://fzo.org.mk/WBStorage/Files/Endokrinologija.pdf
слика http://enauka.mk/shto-e-nevropatija/