ДИЈАБЕТЕС: ДЕФИНИЦИЈА, ДИФЕРЕНЦИЈАЛНА ДИЈАГНОЗА И КЛАСИФИКАЦИЈА

352

ДЕФИНИЦИЈА
Дијагнозата на дијабетес се базира на покачени нивоа на гликоза на гладно (плазма гликоза ≥ 7.0 mmol/L) или на ниво на гликоза мерена два часа по гликоза толеранс-тест (плазма гликоза ≥ 11.0 mmol/L) (табела 1).

Гликоза во целокупна крв + околу 1 mmol/L = плазма или серумска гликоза.

Пациенти со благо покачено ниво на гликоза на гладно сега се сметаат како посебна ризик-група.
Нарушена гликозна толеранција (ИГТ) се однесува на нормални вредности на гликоза на гладно со покачени вредности по 2 часа (плазма гликоза ≥ 7.8-11.0 mmol/L).
Гликозилиран хемоглобин, HbA1c одговара за мониторирање долготрајна гликемиска контрола кај луѓе со дијабетес; но со сегашните методи тестот не е доволно
сензитивен за дијагностички цели.
Ако пациентот не покажува знаци за тип 1 дијабетес (инсулин-зависен дијабетес
ИДДМ) (полидипсија, полиурија, губење тежина, значајно покачени нивоа на гликоза во крвта и кетони во крвта и во урината) тој најверојатно има тип 2 дијабетес.
Терминот тип 2 дијабетес (инсулин-независен дијабетес НИДДМ) обично се однесува на дијабетес дијагностициран по возраст од 35 години. Иако овие пациенти
можат да преживеат без инсулин, тој често се препишува за да превенира оштетување на органите од хипергликемија.
Возраста во почетокот не е секогаш индикативна за типот на дијабетесот. За време
на дијагнозата, 10–15% од пациентите со тип 2 дијабетес се на возраст над 30
години. Ова е таканаречен MODY тип на дијабетес, често почнува на возраст под
25 години, како што обично не е случај со тип 2 дијабетес.
Некои пациенти (околу 10%) изгледа дека имаат тип 2 дијабетес, но развиваат
значаен инсулински дефицит за неколку години. Кај овие пациенти вообичаено се
детектираат GAD -антитела. Овие пациенти се класифицираат дека имаат тип 1
дијабетес според последната WHO-класификација. Оваа состојба, исто така, се
однесува на следните неутврдени термини: LADA “Latent Autoimmune Diabetes in
Adults” и “тип 1 ½ дијабетес”.
HbA1c = гликозилиран хемоглобин
MODY = Maturity Onset Diabetes of Youth
GAD= glutamate decarboxylase

Табела  1. Дијагностички вредности на гликозна концентрација (mmol/L) на гладно и 2
часа по гликоза толеранс-тест со 75 g гликоза (WHO 1999).

Резултат На гладно/2 часа Плазма, венска
mmol/L
Цела крв,
венска
mmol/L
Развојна програма за превенција и грижа за дијабетесот во Финска 2000-2010
Нормално Вредности на гладно ≤ 6.0 ≤ 5.5
2 часа вредности ≤ 7.7 ≤ 6.6
Нарушена гликоза на
гладно (IFG)
Вредности на гладно 6.1–6.9 5.6-6.0
2 часа вредности < 7.8 < 6.7
Нарушена гликозна
толеранција (IGT)
Вредности на гладно < 7.0 < 6.1
2 часа вредности 7.8–11.0 6.7-9.9
Дијабетес Вредности на гладно ≥ 7.0 ≥ 6.1
2 часа вредности ≥ 11.1 ≥ 10.0

 

Извор:https://fzo.org.mk/WBStorage/Files/Endokrinologija.pdf