ГЕСТАЦИСКИ ДИЈАБЕТЕС

359

Што е гестациски дијабетес?

Инсулинот е хормон кој се произведува во панкреасот што делува како клуч кој го пушта шеќерот од крвта во клетките на телото, за да се користи како енергија.

За време на бременоста, телото произведува повеќе хормони и поминува низ други промени, како што е зголемување на телесната тежина. Овие промени предизвикуваат помалку ефикасно искористување на инсулин од страна на клетките во телото, состојба наречена отпорност (резистенција) на инсулин. Отпорноста на инсулин ја зголемува потребата на телото за инсулин.

Сите трудници имаат одредена отпорност на инсулин во доцната бременост. Хормоните за бременост делуваат против инсулинот, така што на трудниците им треба повеќе инсулин од вообичаеното. Повеќето жени се способни да произведат повеќе инсулин за време на нивната бременост. Но, некои жени не можат да произведат повеќе – обично поради прекумерна тежина, семејна историја на дијабетес или поодмината возраст. Овие жени може да развијат гестациски дијабетес.

Гестацискиот дијабетес е многу чест, некои студии покажуваат дека се појавува кај дури 10-20% од жените. Почест е кај жените со прекумерна тежина, постари, помалку активни или со семејна историја на дијабетес.

Гестациски дијабетес
Дијабетес во тек на бременост.
20–40% од пациентките подоцна ќе развијат тип 2 дијабетес, а мал број ќе развијат
тип 1 дијабетес.(2)

Зошто треба да ги третираме жените со гестациски дијабетес?

Доколку не се лекува, гестацискиот дијабетес може да резултира со проблеми и за мајката и за бебето.

Компликации за мајката

  • Мајката може да развие висок крвен притисок
  • Можеби ќе треба да се направи царски рез
  • Мајката може да се породи пред време
  • Мајката може да развие дијабетес тип 2 во рок од 5 – 10 години
  • Мајката има поголем ризик од развој на кардиоваскуларни болести во иднина

Компликации за бебето

  • Бебето може да стане преголемо
  • Нивото на шеќер во крвта на бебето може да падне премногу ниско по раѓањето
  • Бебето може да има жолтица
  • Бебето може да се повреди при вагинално породување, поради тоа што е преголемо
  • Бебето може да има проблеми со дишењето
  • Ризикот од прекумерна родилна тежина е поголем
  • Ризикот од развој на дијабетес тип 2 во иднина е поголем

Кој треба да направи скрининг за гестациски дијабетес и како?

Сите трудници треба да бидат прегледани при првата посета кај матичен гинеколог. Скринингот во рана бременост се прави за да се види дали жената веќе има дијабетес за кој не знае. Скринингот може да се направи со мерење на плазма гликоза на гладно (FPG), гликолизиран хемоглобин (A1C) или случајна плазма гликоза (RPG). Ако еден од резултатите е поголем од долунаведените бројки, жената треба да се третира како да имала дијабетес пред да забремени.

FPG > 7 mmol/L (126 mg/dl)

A1C > 6,5%

RPG > 11,1 mmol/L (200 mg/dl)

Сите жени кои имаат нормални вредности на овие тестови на почетокот од бременоста треба повторно да се прегледаат помеѓу 24 и 28 недела од бременоста. Жената треба да се јави на лекар гладна, односно да не јаде и не пие ништо освен вода, најмалку 8 часа пред посетата.

Ќе ѝ се земе крв, а потоа ќе ѝ се даде пијалак со гликоза, по што ќе се зема крв по еден и два часа. Ако една од вредностите е висока, на жената ќе ѝ се дијагностицира гестациски дијабетес.

По можност, сите испитувања на крвта треба да се направат со венска крв и да се испратат во лабораторија, а не да се мерат со глукометар.

Жените кои имаат нормални резултати, но се изложени на висок ризик за гестациски дијабетес треба повторно да се тестираат во 32-та недела.

Исхрана

Еден од клучните фактори за управување со гестациски дијабетес е здравата исхрана. По можност, сите трудници би требало да се консултираат со нутриционист кој ќе подготви соодветен план за оброци.

На жените треба да им се советува да јадат 3 оброци и 3 ужинки во тек на денот.

Распоредувањето на храната во тек на денот помага да се одржи рамнотежа на шеќерот во крвта.

За да ги добијат сите хранливи материи, минерали и витамини потребни за здрава бременост и здраво бебе, жените треба да јадат храна од најразлично потекло.

  • Зрна и скроб, како пченица, кафеав ориз
  • Зеленчук и овошје
  • Растителни протеини како што се мешунки и јатки
  • Животински протеини како што се јајца и месо
  • Млеко и млечни производи како јогурт, сирење
  • Некои општи упатства за здрава исхрана

    • Вклучете 4-5 порции жолт и зелен зеленчук во секојдневната исхрана
    • Вклучете храна богата со железо, како што се кафеав ориз, пченични никулци
    • Вклучете свежа здрава храна – цело овошје наместо сокови, интегрални житарки / повеќе-зрнести брашна наместо рафинирано брашно
    • Вклучете адекватен внес на течности – 2 литри/ден освен ако не се советува помала количина
    • Вклучете минимум 650 ml млеко или замена за млеко за да ги задоволите потребите за калциум
    • Јадете помалку нездрава храна, пекарски производи, пржена храна, солена храна
    • Користете помалку масло во готвењето
    • Избегнувајте директни шеќери, сахарин и цикламати
    • Минимизирајте ја употребата на други вештачки засладувачи
    • Избегнувајте алкохол и тутун, рекреативни дроги или лекови без рецепт во сите форми

    Едноставен начин да се научи здравата исхрана е да се предложи чинијата да биде половина покриена со зеленчук и овошје, ¼ покриена со зрна и скроб и ¼ покриена со протеини.

    Сите трудници ја зголемуваат тежината за време на бременоста. Тежината што треба да се зголеми зависи од тежината пред да забремените.

    Индексот на телесната тежина (БМИ) се дефинира како телесна тежина поделена со квадратот од висината на телото и се изразува во единици kg/m2, што произлегува од масата во килограми и висината во метри.

    Повеќето жени треба да додадат околу 350 калории на нивниот дневен внес околу четвртиот месец. Оние со прекумерна тежина треба да се додадат помалку калории, а оние кои се со недоволна тежина може да се додадат повеќе калории. Онаму каде што е можно, нутриционистот треба да препорача количество калории што треба да се додадат.

Вежбање

Секоја физичка активност е подобра од отсуство на физичка активност за време на бременоста.

  • Дури и ниските нивоа на физичка активност имаат ефект врз контролата на шеќерот во крвта.
  • Аеробната активност со умерен интензитет 30 минути дневно во повеќето денови од неделата е вообичаената препорака за да се помогне во контролата на шеќерот во крвта. Аеробна активност е одење, возење велосипед или пливање.
  • Тренингот за зајакнување на горниот дел од телото како додаток на аеробната активност може да помогне во контролирањето на шеќерот во крвта.

Некои насоки за вежбањето

  • Вежбањето не треба да се прави додека лежите на грб.
  • Вежбањето треба да се прекине ако се почувствуваат контракции.
  • Вежбањето треба да се прекине ако пулсот е над 140 отчукувања во минута.
  • Ако жената зема инсулин и има симптоми на низок шеќер во крвта, вежбањето мора да се прекине и да се третира нискиот шеќер.

Откако бебето ќе се роди

Сите жени треба да се охрабруваат да дојат.

Жените ќе го тестираат шеќерот во крвта по породувањето – кај гестациски дијабетес шеќерот во крвта се враќа во нормала по породувањето и повеќе нема да биде потребен инсулин. Некои жени нема да се вратат на нормално ниво на шеќер во крвта по раѓањето на бебето. Ќе им требаат насоки во врска со здравата исхрана и лекови за да го задржат шеќерот во крвта во нормала.

Ризикот од развој на дијабетес во иднина е висок, затоа жените треба да се охрабруваат да имаат здрав план за оброци и да постигнат здрава телесна тежина.

Сите жени треба да ја тестираат гликозата во крвта помеѓу 6 и 12 недели по раѓањето на бебето. Овој тест ќе бара од жената да оди на лекар или во лабораторија пред да јаде нешто наутро. Ќе се земе крв, потоа ќе и се даде засладен пијалак и повторно ќе се земе крв по 2 часа.

Идни бремености

Жените треба да планираат кога повторно ќе забременат. Тие треба да се едуцираат за методите за планирање на семејството за да се осигурат дека нема да забременат пред да сакаат и само кога жената е подготвена и во оптимално здравје.

Жените треба да се охрабруваат да постигнат здрава тежина пред повторно да забременат бидејќи тоа може да ја намали шансата за развој на гестациски дијабетес по втор пат.

Пред да забремените, треба да се провери нивото на гликоза во крвта и да се консултира со лекар за да бидете сигурни дека жената во меѓувреме не развила дијабетес.(1)

1)Извор:https://insulinskaporta.mk/gestaciski-dijabetes/
https://idf.org/

2) https://fzo.org.mk/WBStorage/Files/Endokrinologija.pdf
Слика  https://medlineplus.gov/diabetes.html