Вегетаријанска плескавица од бел грав

580

Потребно е

1 чаша варен бел грав

1 јајце

2 с.л пченкарно брашно

козјо сирење

магдонос

1/2 сода бикарбона

1 с.л сок од лимон

1.л маслиново масло

сол

ким

Подготовка

Гравот се вари 15 минути и се остава да отстои преку ноќ Сите состојки се ставаат во блендер да се добие хомогена маса. Во нелеплива тава намачкана со малку маслиново масло на тивок огин(3 од 9 ка) се пржат. Гравот некогаш прави надуеност затоа е важно од зачини да се додаде ким. Гравот и пченкарното брашно се дел од нашата традиционална кујна. Оваа комбинација е освежителен нов начин на нивна употреба. Бургерите се превкусни