Веган Не -Печени Мафини од Моркови и Кокос

467

Потребно е
✅1 чаша рендан морков
✅1 чаша свежи урми без семки
✅1 чаша ореви
✅ 3/4 чаша кокосови снегулки
✅1/3 чаша кокосово млеко
✅1/4 чаша кокосово брашно
✅1.5 м.л цимет
✅3/4 м.л морско оревче
✅1/2 м.л ѓумбир

Фил
✅ 1 чаша индиски ореви
✅ 2 урми
✅кокосово млеко колку да ги покрие оревите

Подготовка
Состојките за мафинот ставете ги во блендер и блендирајте додека се направи хомогена смеса. Во калап за мафини распоредете ја смесата и на средина направете вдлабнатина за филот

Филот изблендиран ставете го во таа вдлабнатина. Украсете со ореви

Ставете во фрижидер за длабоко замрзнување и оставете да отстои 2 часа