Вегански колaчи со овес, суво грозје и аквафаба
Потребно е
✅1/2 чаша аквафабa
✅1/4 чаша шеќер
✅1 чаша овес од кој 1/4 мелен
✅1/2 лажиче сода бикарбона
✅1/2 лажиче цимет
✅1/2 шолја ореви
✅ 3 с.л стопено масло од кокос
✅1 лажиче екстракт од ванила
✅1/4 чаша суво грозје
Подготовка
Се матат аквафабата со шеќерот додекa не се направи пена(околу 10 минути) се додаваат мелените ореви и потоа овесот и другите состојки. Доколку при правење топчиња тестото е лепливо додадете уште малку овес. Се пече на 200 С околу 20 -24 минути (зависи од рерната)
Аквафаба е течноста во која се варат мешунките или во конзервите до мешунки. Јас сварив наут! Наутот го искористив за салата а течноста за колачи.
Аквафабата во целост може да ја замени белката, но и целото јајце. Аквафабата ја открил на крајот од 2014.година Французинот Joël Roessel, а една година подоцна, Goose Wohlt, ја усовршил нејзината примена.
Нутритивна вредност
ккал 675
Јаглехидрати 69.1
Масти 52,8 гр
Протеини 23.9 гр