Витаминот Д е липосолубилен односно растворлив во масти, кој игра голем број важни улоги во телото, како што се одржување на здравјето на вашите коски, заби и зглобови и помагање за подобро функционирање на имунолошкиот систем.
Витамин Д се наоѓа во одредени видови храна, но исто така телото го произведува при изложувањето на сонце.
Нашето тело добива мала количина на активен витамин Д во форма на холекалциферол(витамин Д3) од исхраната од животинско потекло(масна риба, жолчка на јајце)
Ерголакциферолoт друга форма на прoвитамин Д (витамин Д2) се наоѓа во растителна храна некои видови печурки, квасци итн.
Друг начина на кој телото добива витамин Д е со изложување на сончево ултравиолетово-Б (УВБ) зрачење*.
Активна форма на витаминот Д и како калцитриол, се синтетизира во кертиноцитите-специјални клетки на кожата кои произведуваат кератин, протеин, кој се наоѓа во косата, ноктите, кожата. Тие постојано се делат за да произедат нови клетки, кои ги сочинуваат горните епидермални слоеви и и даваат на вашата кожа стабилно снабдување со нови клетки, што е особено важно бидејќи кератиноцитите преставуваат околу 90% од вкупните клетки во кожата (1)
Кога сончевите ултравиолетови-Б (УВБ) зраци се изложени на гола кожа, телото конвертира дериват на холестерол во витамин Д. Всушност, сега е познато дека секоја клетка и ткиво во телото има протеински рецептор на витамин Д.(3)
Сепак, повеќето имаат недостаток на витамин Д, вклучително и многу лица со дијабетес тип 1 и тип 2.
Некогаш е тоа поради ограничената изложеност на сончева светлина предизвикана од голем број фактори: повеќе време поминато дома, во канцеларија или автомобил, пократки денови во зима, употреба на креми за сончање во лето поради страв од рак на кожата.
Недостаток на витамин Д
Знаците на недостаток на витамин Д може да варираат од болка во коските и мускулна слабост до депресија и ослабен имунолошки систем, додека подолготрајниот недостаток може да резултира со дебелина, висок крвен притисок, псоријаза, остеопороза, хроничен замор, Алцхајмерова болест, рак и дијабетес тип 2.
Изложувањето на кожата на сонце 15-20 минути секој ден, може да помогне да се зголеми производство на витамин Д во вашето тело и на тој начин да се намали ризикот од дијабетес и други сериозни медицински состојби.
Алтернативно, можете да го добиете дневниот внес на витамин Д преку додатоци во исхраната (суплементи) и храна.
Извори на храна
-масна риба
-жолчка од јајце
-јаткасти плодови
-збогатени житни култури
-збогатено млеко
– јогурт
-говедски црн дроб
-печурки(2)
Влијание на дијабетес
Се верува дека витаминот Д помага да се подобри чувствителноста на телото на инсулин – хормонот одговорен за регулирање на нивото на гликоза во крвта – и на тој начин го намалува ризикот од отпорност на инсулин, кој често е претходник на дијабетес тип 2.
Некои научници исто така веруваат дека овој витамин може да помогне во регулирањето на производството на инсулин во панкреасот.
Ниво на витамин Д
Нивоата на витамин Д според лабораторија кај нас (Авицена)
Витамин Д (25,OHД2+Д3) серум плазма mmol/L
Оптимална концентрација :
Возрасни и деца 115-200
Задоволителна концентрација
Возрасни 75-250; Деца 50-250
Умерен недостаток
Возрасни 50-75
Деца 37.5-50.0
Изразен недостаток
Бозрасни < 50
Деца <37.5 (1)
Сепак, сега е познато дека зголемувањето на количината на витамин Д во вашето тело може да помогне да се одржи нивото на гликоза во крвта под контрола, што е од витално значење за луѓето со дијабетес.(3)
Други здравствени придобивки
-Освен што помага за контрола на гликемијата, зголемувањето на нивото на витамин Д исто така:
-Помага во губење на тежината – студиите покажаа дека добриот статус на витамин Д помага да се намалат нивоата на паратироиден хормон (PTH), што долгорочно може да промовира губење на тежината и да го намали ризикот од дебелина, што е главен фактор на ризик за дијабетес тип 2.
– Регулирање на апетитот – витаминот Д може да го зголеми нивото на хормонот лептин во вашето тело, кој го контролира складирањето на телесните масти и предизвикува чувство на ситост, давајќи чувство дека сте јаделе доволно и со тоа го намалува нивото на глад.
-Зголемувањето на витаминот Д може да помогне во намалувањето на нивото на кортизол, хормонот на стрес кој се произведува во надбубрежните жлезди.
Кортизолот е вклучен во голем број важни функции, вклучувајќи го одговорот на телото на стрес и регулирањето на крвниот притисок.
-Повисоките и подолготрајни нивоа на хормонот во крвта може да доведат до зголемување на абдоминалната (или висцерална) маснотија, која е поврзана со различни здравствени состојби, вклучително и дијабетес тип 2.
Видови на витамин Д
Постојат две форми на овој витамин; витамин Д2 и витамин Д3
Витаминот Д2 е синтетичка верзија наречена ергокалциферол, која има пократок рок на траење, додека витаминот Д3 (познат и како холекалциферол) е ист како витаминот Д кој го произведува телото по изложување на УВБ зраци.
Истражувањата покажаа дека витаминот Д3 се чини дека е повеќе од три пати поефикасен од витаминот Д2, но повеќето производи кои ги вклучуваат зборовите „добар извор на витамин Д“ или „зајакнат со витамин Д“ на нивните етикети го содржат исклучително инфериорниот витамин Д2.
Затоа, кога купувате храна или додатоци богати со витамин Д, проверете каков „тип“ на витамин Д содржи секој производ.
Каде да се купи
Повеќето мултивитамини кои се продаваат во аптеки, продавници за здрава храна и суплементи, обезбедуваат дневна доза од 400 меѓународни единици (IU), иако некои производители почнаа да нудат производи со 1.000, 2.000, па дури и 5.000 IU дневно – значително повеќе од препораките од 400 единици.
*Забелешка; пред да го зголемите внесот на витамин Д, прво консултирајте се со вашиот лекар за да бидете сигурни дека дозата што планирате да ја земете е безбедна и нема да има интеракција со вашиот стандарден лек за дијабетес.
*УВА (ултравиолетови А) – зраци со подолга бранова должина ја пенетрираат кожата подлабоко. Тие може да ги пенетрираат облаците и прозорците.
*УВБ (ултравиолетови Б) – зраци со пократка бранова должина делуваат врз првите, надворешни делови на кожата. УВБ зраците полесно се филтрираат и тие не ги пенетрираат прозорците.
1 https://avicenalab.com.mk/znache-eto-na-vitaminot-d-za-zdrav-izgled-na-kozhata-i-kosata/
2(https://ods.od.nih.gov/factsheets/VitaminD-HealthProfessional/)
3. https://www.diabetes.co.uk/food/vitamin-d.html#:~:text=Vitamin%20D%20is%20believed%20to,precursor%20to%20type%202%20diabetes
Слика https://mnoncology.com/resources/blog/vitamin-d-important-enough-to-supplement