Брауни со наут

577

 

Здрав колач без брашно, без шеќер

Потребно е
200 гр варен наут
150 мл вода
3 лажици какао
1 јајце
1 м. л сода
1 м.л цимет

Подготовка
Урмите попарете ги со врела вода и остајте да отстои 6 часа. Наутот сварете го или покиснете го да стои цела вечер.
Измешајте ги сите состојки и блендирајте додека добиете кремаста смеса. Во садот ставете хартија за печење и сипете ја смесата. Печете на 180 с околу 40 минути. Исечете кога ќе се олади.

Нутритивна вредност на колачот вкупно
Калории(kcal) 578
Јаглехидрати 78 гр од кои
Растителни влакна 23 гр
Протеини 27 гр
Масти 11 гр