Потребно е
1 главица кромид (100гр)
2 моркова 150 гр
2 мали компира или еден голем (200 гр)
2 главици цвекло (250 гр)
1 с.л. маслиново масло
1 м.л сол
1 л кисело млеко
4-5 чаши бистра супа од зеленчук/вода
Свеж копар
Подготовка
Се пржи кромидот, се додава ситно сецка морков, компир, целер и се меша . Се додава цвеклото, вода од зеленчукова супа ,сол и се вари.Кога ќе се свари се блендира.Се сервира со кисело млеко и свеж копар
Цвеклото содржи компоненти наречени беталаини, кои имаат моќно антиоксидативно дејство. Цвеклото содржи нитрати, кои се претвораат во азотен оксид во телото. Овој оксид делува на релаксација на крвните садови.Поради богатата содржина со растителни влакна е погодна за лица со дијабетес.
Нутритивна Вредност Вкупно | 4 порции |
Калории(kcal) | 483 |
Јаглехидрати вкупно | 83.3 гр |
Растителни влакна | 17 гр |
Шеќери | 29.6 гр |
Протеини | 10.3 гр |
Масти | 14.5 гр |
Заситени масти | 1.9 гр |
Полинезаситени масти | 1.8 гр |
Мононезаситени масти | 9.8 гр |
.
Нутриционист
Везире Старова