Предлог за нутритивно богат ручек
Потребно е
✅Аспарагус
✅Лосос
✅Маслиново масло
✅Лимон
✅Сол
✅Бибер
Подготовка
Аспарагусот се мие убаво под млаз вода.
Потоа ги отстранувате дршките со благо виткање. Обично се крши таму каде е потребно.
Валкајте го аспарагусот со маслиново масло, сол, бибер, лук. Ставете го во тава со лососот кој само ќе го намачкате со малку маслиново масло и сол.
Печете на 220c околу 15-17 минути. Извадете го аспарагусот и допечете го лососот уште 10 минути.
Аспарагус е богат со витамин Б1. Б3, витамин Б6 (пиридоксин) и пантотенска киселина кои се клучни за ензимските и метаболичките функции на клетките. Свежиот аспарагус исто така содржи витамин Ц, витамин А и витамин Е.
Лососос пак содржи Коензим Q10 које природен антиоксидант . Содржи омега-3 масни киселини, витамин А;Ц;К;Е;
Минерали : Цинк;Бакар; Селен;Магнезиум;Фосфор;Железо.