Ја стартувавме “Инсулинска Порта“, веб платформа

373

Веста што сакам да ви ја соопштам овој Ноември, месец кој глобално е посветен на кревање на свеста за дијабетесот е следна: уште еден од идејните проекти на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија БАЛАНС МК, е реализиран и, се разбира – ставен во функција! „Инсулинската Порта“ е отворена!

И, не само во интерес на дечињата со дијабетес тип 1 (и на нивните родители), туку и во интерес на сите лица со дијабетес мелитус тип 1 и тип 2, во интерес на сите наши граѓани кои што на еден или друг начин се соочуваат со дијабетесот како здравствена или животна состојба!
Ја стартувавме “Инсулинска Порта“, веб платформа која што цели да биде токму вистински мултимедиален гласник, кредибилен поддржувач и партнер, прозорец кон светот, наш заеднички простор што уште повеќе ќе ни помогне во сите домени битни за квалитетно превенирање и справување со дијабетесот.
Намерата и заложбите се следни: да добиеме, односно да се стекнеме со уште еден исклучително важен инструмент – медиум, во големиот електронски етер, со https://insulinskaporta.mk/ се остварени. А што тоа значи?
Прво и основно – комуникација, интеракција, гласност, солидарност и поддршка. Второ, ама не помалку важно – да се биде во чекор со се што е ново, важно, корисно во фармацевтската и во медицинско-технолошката сфера поврзано со дијабетесот но и реперкусиите од него. Тоа, пак, само по себе не води кон нужната едукација, фундирана врз се она што е релевантно овде и во светот како од медицински аспект, така и од нутриционистички аспект, фармаколошки, психолошки, па се до нормативен, воспитно-образовен, социјален… Всушност „Инсулинска Порта“ ќе се занимава буквално со сите есенцијални прашања важни за успешната борба против дијабетесот, за здраво и убаво детство на нашите деца, за спокоен и безбеден живот на луѓето со дијабетес наспроти сите негови закани и предизвици.
Креирана да биде целосно функционална и медиумски вредносно стандардизирана, „Инсулинска Порта“ од замисла конечно стана реалност, наше ново моќно орудие кое преферира во многу да го подобри квалитетот на нашата заедничка борба против дијабетесот, обеднувајќи ги стручноста, практиката, искуствата, информациите… а само во една посакувана насока: драстично подигање на нивото на здравствена, едукативна, системска превенција во нашат држава!
Отвараме нови страници во борба против дијабетесот. Тие страници ќе ги испишуваме сите заедно: децата, родителите, докторите, фармацевтите, нутриционистите… сите ние сопатници во животот со дијабетесот. “Инсулинската порта“ е отворена!
Со почит,
уредникот

И секако, оваа веб страна немаше да биде тоа што е и што “ќе станува” без Dragan Jovanoski Tanja Shatanovska Stojan Nikolić Zoki Gj Душко Јанев Cvete Serafimoski Jovce Cvetkov

https://insulinskaporta.mk/?fbclid=IwAR0jk_ugYeum1r-_3AgV4lE3Y4785fxG8HZXHlSmhMJmYZkkOy8xDaWtI9U

 

Извор https://www.facebook.com/groups/485055681535028