Салата со црвен грав и интегрален ориз

581

Протеините од растително потекло не се целосни протеини. Односно ги немаат есенцијалните аминокиселини кои ни се потребни. Но доколку правилно ги комбинираме тогаш можеме да добиеме целосен протеин Пример за супер комбо е грав и ориз. И кафеавиот и белиот ориз имаат малку лизин, но имаат многу метионин. Гравот е богат до лизин и затоа перфектно се надополнуваат. Протеините се составени од аминокиселини . Нашето тело може да произведе некои од нив, Но девет есенцијални аминокиселини , кои телото не може да ги произведе треба да ги внесуваме преку храна . Овие се нарекуваат есенцијални аминокиселини:
хистидин, изолеуцин, леуцин, лизин, метионин, фенилаланин, треонин, триптофан. валин