Салата од печено цвекло, киноа, рукола, јаболко и морков
Потребно е
✅3 главици цвекло(300гр вкупно)
✅1 морков
✅1 мало јаболко
✅4 л.киноа варена
✅1 грст рукола
✅1 лажица маслиново масло
✅3-5 јатки ореви
✅малку сол
✅сок од ½ лимон
Подготовка
Цвеклото убаво измијте го, исушете го со кујнска хартија, завиткајте во фолија и печете на 200 с околу 50 минути
Во друг сад сварете ја киноата
Кога ќе се испече цвеклото оставете да се олади и излупете, исечете го на коцки.
Во салатата додадете на листови исечен морков, на кришки исечено јаболко,
додадете рукола, 4 лажици варена киноа, 1 л маслиново масло. Малку сол и сок од пола лимон. На крај украсете со ореви.
Нутритивна вредност на целата салата (3 порции)
Калории 518
Масти вкупно 22.2 гр.
Заситени масти 2.6 гр
Полинезаситени масти 6.4 гр
Мононезаситени масти 10.6 гр
Јаглехидрати 74.5 гр
Растителни лакна 17.4гр
Шеќери 42.5 гр
Протеини 10.5 гр
Цвеклото содржи нитрати, кои се претвораат во азотен оксид во телото. Овој оксид делува на релаксација на крвните садови, на тој начин го подобрува протокот на крвта низ нив а со тоа и превенира од кардиоваскуларни заболувања, го намалува крвниот притисок. Богат е со многу витамини и минерали. Содржи беталаини кои имаат антиоксидативно дејство. Иако со варење или печење нутритивната вредност се намалува односно нитратите се намалуваат сепак е убаво да се јаде во секоја комбинација : свежа, ферментирана, печена.