Потребно е
1 чаша овесни снегулки (200 гр)
2 јајца
3 банани
3 лажици какао
50 гр темно чоколадо
80 гр кисело млеко
1 м.л мед
Подготовка
Овесот се меле. Во блендер се ставаат јајцата, бананите, какаото, овесот и се блендира додека се добие кремаста маса. На крај се додаваат чоколадните топчиња. Во плех за печење се става хартија за печење, се сипува смесата и се пече на 200с. Во меѓувреме се става киселото млеко во цедалка да се исецеди водата. Потоа откако ќе се исцеди се меша со 1 мала лажица мед. Кога ќе се олади колачот се сече на триаголници и се украсува со кремот од кисело млеко и мед. Се посипува со кокос и црвено шумско овошје.
Нутритивна вредност на целиот колач е
Калории 965
Јаглехидрати 129 гр од кои
Растителни влакна 24 гр
Протеини 35 гр
Масти 29 гр