Најпрво со штрафцигер на трите вдлабнатини кои се наречени и кокосови очи удирајте со чеканот додека не ја пробие кората. Исцедете ја водата која може да ја користите за некој сос, јадење.
Потоа на средина удирајте со кратки потези со чеканот. Кога кората ќе пукне удрете уште неколку пати и кората сама ќе се откачи од месестиот дел. Доколку не се откачи извадете со лажица.
Потоа со лупач за зеленчук извадете ја кората која е многу лесна за лупење. Изрендајте го кокосот и во газа ставете го изренданиот кокос и цедете. Кокосот може и да го исечете на мали парчиња и да го јадете . Вкусот е многу егзотичен и освежителен.