Здрава ниско калорична пица. Без брашно и кашкавал!
Потребно е
✅1 чаша леќа(100 гр)
✅2 чаши вода
✅Сос од домати
✅1 морков
✅1 пиперка
✅1 домат
✅веган -пармезан од индиски ореви(40 гр)
✅сол, ким, оригано
Подготовка
Леќата покиснете ја и оставете да отстои преку ноќ
Следниот ден додадете сол, ким и блендирајте ја.
Во тепсија обложена со хартија за готвење сипете ја смесата и печете на 200с. Кога ќе се испече извадете од рерната и ставете го филот:
доматен сос зачинет со сол, оригано. Ситно исецкана пиперка, морков исечен на тенки листови, домат претходно исчистен од семките, маслинки, на крај веган пармезан од индиски ореви. Вратете ја пицата во рерна и допечете уште неколку минути
Нутритивна вредност на црвена леќа
Калории 360
Јаглехидрати 60 гр од кои
Растителни влакна 30 гр
Протеини 26 гр
Масти 1 гр
Цела пица
550 калории
Јаглехидрати 78
Растителни влакна 31 гр
Протеини 35 гр
Масти 10 гр
За споредба класична пица само едно парче (114 гр) е околу 200 калории!!